четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 64

Дали мажите навистина сакаат паметни жени?

Мажите што ги одбиваат паметните жени, само го штитат сопственото несигурно его.

Couple in deep moments of a Confession

Couple in deep moments of a Confession

Поврзани вести

Од која женска карактеристика мажите потајно се плашат? Иако велат дека до себе сакаат да имаат паметна жена, со својот избор покажуваат дека имаат поинакви афинитети.

Два универзитети во САД се одлучиле да спроведат поопсежно истражување на тема на машко-женските односи и да дадат одговор на вечното прашање: Дали мажите навистина сакаат паметни жени?

За време на прелиминарните анкети, 86 отсто мажи изјавиле дека сакаат паметни жени и дека не би им било проблем да видат со жена што е попаметна од нив. Потоа, тие биле подложени на разни експерименти со кои нивните тврдења се тестирани за да се открие колку биле искрени.

Експертите симулирале тестови на интелегенција за време на кои испитаниците ги здружиле со паметни жени кои на тестот имале подобри и полоши резултати од нив.

Иако на почетокот на експериментот испитаните покажале интерес за попаметна партнерка, по сознанието дека таа била подобра на тестот се обиделе физички да се дистанцираат од неа, а дури и ја оцениле како помалку привлечна и пожелна во однос на жената што имала полоши резултати.

Експертите на крајот стасале до следниот заклучок: мажите биле заинтересирани за запознавање паметни жени во моментот кога тоа било само хипотетичка идеја.

Кога во реалноста требало да поминат време со неа, тие се повлекувале во себе, затоа што се чувствувале помалку сигурно и мажествено.

Постојат услови под кои потребата за самозаштита е посилна од квалитетите на партнерката која од дистанца се чини привлечна, истакнуваат експертите. Во превод, мажите што ги одбиваат паметните жени, само го штитат сопственото несигурно его.

Најчитани вести