Дали Миличиќ е идолот на кого се огледува Марк Гасол ?

Кошаркарот на Мемфис Гризлис, Марк Гасол се изнервира при еден шут на синоќешниот меч против Сакраменто, а резултатот од тоа беше скинатиот дрес.

Иако беше почеток на мечот, сепак Шпанецот во стил на поранешниот српски репрезентативец Дарко Миличиќ го “расцепи” дресот на пола. Најверојатно водството на неговиот тим од 6:1 во тој момент не му делуваше доволно сигурно за победа, па неговото промашување го доживеа како клучно за крајниот резултат…