Анализи

Анализа: Дали ММФ и СБ повеќе не се најважни?

Анализа: Дали ММФ и СБ повеќе не се најважни?

Големи надежи после договорот на лидерите на БРИКС во Форталезе покажуваат дека меѓународниот финасиски ситем длабоко се менува. Меѓутоа, ММФ и СБ уште долги години ќе ја играат најважната улога, заклучува американскиот весник Фајненшл Тајмс во својата анализа.

Развојната банка на БРИКС, чие основање е договорено оваа недела во Бразил, би требало да биде пандан на Светската Банка и ММФ, институции кои се олицетворение на светскиот економски поредок под водство на Америка, создаден во 1944 година во Бретон Вудс, пишува Фајненшл Тајмс.

Земјите БРИКС моментално создаваат околу една четврина од светската економија. Се предвидува дека до крајот на годината Кина ќе го замени САД на позицијата најголема економија на светот. БРИКС со основањето на сопствена банка всушност сакаат да создадат институција која ќе го отсликува статусот кои неговите членки треба да го имаат во светот според големината на нивните економии.

Vladimir Putin, Xi Jinping, Jacob Zuma, Narendra Modi, Dilma Rousseff

На чело на СБ од нејзиното основање се наоѓа Американец, а на чело на ММФ Европеец. Таквиот поредок не ја уважува маѓународната економска стварност и е една од причините за најновиот потег на БРИКС. Тоа е разбирливо, бидејќи државите од оваа групација претставуваа 24,5 отсто од светската економиа, а имаат само 10,3 отсто гласачки права во ММФ.

Кина сака да го покаже својот статус на сила која расте. Развојната банка би и ја обезбедила таа улога. Кина е мотивирана од неисполнетите очекувања на постоечките институции, смета Џао Сјијун, од универзитетот Ренмин во Пекинг. Таа сепак исто така сака и поврат на своите огромни девизни резерви кои во добар дел се вложени во американски државни обврзници.

Бразил, Индија и ЈАР би можеле да профитираат од новата банка, со оглед на тоа што можат да очекуваат големи кредити за своите инфраструктурни вложувања. БРИКС банката е добредојдена алтернатива на начинот на кредитирање кој го спроведуваат ММФ и СБ, кој е полн со бирократија и условувања.

Сепак, управувањето со ваква банка нема да биде едноставно. „Самото основање заслужува аплауз. Меѓутоа, ќе помине уште дота време пред оваа банка да може да се смета за еднакво важна како СБ и ММФ“, коментираат експерите од Вашингтон.

Вистинскиот тест на банката ќе го доживее кога еден од нејзините членки ќе западне вопроблеми. Тоа го повлекува основното прашање во контекст на оваа банка: довербата.

133329150453c5250bb7278145729085_640x403

Сепак аналитичарите се сложуваат околу една работа: Формирањето на БРИКС Банката позитивно ќе влијае на меѓународните односи бидејќи ќе ги натера останатите важни играчи да станат поефикасни, заклучува Фајненшл Тајмс.

После Светскта Банка, основани се низа на развојни банки, Меѓуамериканска развојна банка, Азиска развојна банка, Африканска развојна банка, Европска инвестициона банка, но отпочнувањето на Развојната банка БРИКС наговестува пишување на нови правила на развој.

Формулата на поделба на моќта, при што раководното место во ММФ и припаднало на Европа, во Светската Банка на Америка, а гласачките права на развиените држави предничат во однос на земјите во развој, преживеа цели децении.

Но, глобалната слика на светот, забрзано се менува. Долгата сенка од седумгодишната финансиска криза која се надви над САД и Европа, го забави светскиот раст. Истовремено земјите кои последните децении бележат забрзан раст, БРИКС, продолжуваат, иако забавено и понатаму економски да зајакнуваат и тоа да биде пропратено со нови права и одговарачки позиции на моќ на светско ниво.

Додека глобалната економска криза го продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните, а енергетските проблеми ги следат тензиите меѓу силите на воените фронтови богати со нафта и гас, земјите во забрзан развој се погласно ги обвинуваат мултилатералните институции дека доминираат со светот со пристрасност кон Западот.

images (3)

Тие институции и понатаму обезбедуваат средства, но условувањата и барањата за реформи кои се редовни следбеници на позајмиците, предизвикуваат се поголем револт. Незадоволни не се само земјите упатени на адреса на Светската банка и ММФ во Вашингтон, туку и експерти каков што е Нобеловецот Џозеф Стиглич, кој проследен со јавна критика го напушти местото на економист во Светската банка.

Во меѓувреме, позајмиците на Светската банка се намалени на половина во однос на времето пред светската економска криза. Приватните позајмици се намалиле исто така за една третина. Потребите растеа, додека Светската банка и ММФ и понатаму работеа по старите правила, не осврнувајќи се многу на критиките и незадоволството. Светската банка не успеа да ја ублажи сиромаштијата, а ММФ да ја спречи економската криза.

За банката БРИКС, кога со основачки капитал од 100 милијарди долари ќе отпочне со работа во 2016 година,  одговорноста ќе биде поголема. Здрава конкуренција на 70 години старите мултилатерални институции подразбира свеж пристап кон глобалнио развој. БРИКС би требало да докаже дека е способен за повеќе од она кое го критикува – едностраноста во економските и политичките мерки кон третите земји.

БРИКС земјите ги обедини токму критиката на ригидниот поредок и после двегодишни преговори, постигнаа договор за основање на заедничка Развојна Банка. Во прилог им беше фактот дека на територијата на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка живее 40 одсто од светската популација и се создава една петина од светскиот БДП. Додатен поттик е и фактот дека точно во овие земји постои огромен инфрастуктурен дефицит. Се проценува дека само овие пет земји во наредните пет години треба да вложат околу четири и пол милијарди долари во инфраструктура.

 images (2)