сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 2

Дали мрзливите луѓе се поинтелегентни?

Дали некогаш сте помислиле колку би било добро кога би можеле само да се излежувате и да не работите ништо? Тоа би можело да биде добра работа, со оглед на тоа што науката тврди дека мрзливите луѓе би можеле да бидат попаметни од мнозинството.

pametniii

Поврзани вести

Дали некогаш сте помислиле колку би било добро кога би можеле само да се излежувате и да не работите ништо? Тоа би можело да биде добра работа, со оглед на тоа што науката тврди дека мрзливите луѓе би можеле да бидат попаметни од мнозинството.

Истражувањето чиишто резултати се објавени во Хафингтон Пост открива дека интелегентните луѓе поминуваат повеќе време, избегнувајќи ги физичките активности. Но, во предвид треба да се земе и тоа дека во истражувањето учествувале само 30 лица, кои за потребите на студијата морале да оценат колку се сложуваат, или не се сложуваат со одредени изјави.

Исто така, сите биле обврзани да носат акцелерометар за мерење на физичката активност во период од една недела. Резултатите покажале дека за учесниците, што се квалифицирани како „мислители“ било поверојатно дека ќе ги избегнуваат физичките активности, колку што можат, особено во текот на работните денови.

Една од причините зошто е тоа така, подразбира дека интелегентните луѓе што уживаат да го трошат сопственото врем е на размислување имаат поголема концентрација, во однос на оние што повеќе сакаат да уживаат во физички активности за да ја избегнат здодевноста.

Да се биде паметен е добро, но тоа не значи дека целиот живот треба да го поминете заковани за столче. Голем број истражувања покажуваат дека седењето по 40 часа во канцеларијата може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и проблеми, а така се добива и на килограми што може да влијае на општата здравствена состојба.

Сепак, е најдобра комбинација да се биде интелегентен и фит истовремено па затоа е добро да се движите колку е можно повеќе, без оглед на тоа колку е висок вашиот коефициент на интелегенција.

Најчитани вести