Дали на Европа и’ се заканува мрак?

Главниот економист на Меѓународната агеција за енергетика, Фатих Бирол, смета дека европскиот енергетски пазар се наоѓа во многу тешка ситуација.
Тој вели дека ако проблемите не се решат во текот на следните неколку години, Европа може да падне во тешки проблеми.

„Последиците од тоа ќе бидат исклучување“, тврди Бирол, во интревју за австриски „Курир“.

Експертот е загрижен поради растечката зависност од увоз на гас од Русија, истакнувајќи дека тоа е сериозна тема како за еврпската индустрија, така и за граѓаните.

„Да се потпирате само на една земја е лошо“, оценува Бирил.

Европа, според неговите зборови, мора да се погрижи за дополнителни добавувачи на гас, на пример од Каспијскиот простор, Блискиот Исток или Ирак. Истовремено, тој изразил жалење што проектот –гасовод „Набуко“, што требаше да носи гас од Азербејџан, преку Турција во Западна Европа, пропадна.

„На Европа и’ се потребни алтернативни рути. Уверен сум дека наскоро ќе има нови проекти за гасоводи, во кои ќе учествува и Австрија“, рекол Бирол, додавајќи дека појавувањто на вакви проекти не зависи од енергетските компании туку од политиката.

„Гасоводот е политичко изјаснување и Европа за тоа мора за зборува со еден јазик“, порачал Бирил.

Главната причина за грижа, според него, е европскиот пазар на струја, додавајќи дека цената на големо паднала поради преплавувањето со еколошка струја, до таа мерка што операторите ги запираат своите инвестиции во нови електрани.

„Европа има многу оновлива енергија, но премалку сигурни електрани. Опасноста дека светлата ќе се изгаснат е голема“, порачал експертот.

Бирол кажал дека цената на големо би требало да се зголеми за операторите да инвестираат, но тоа зголемување на цената во себе крие и опасност Европа да ја изгуби конкурентноста.

Европа според неговото мислење, мора својот енергетски пазар целосно одново да го формира, а централен елемент во тоа треба да биде јакнее на водовите помеѓу националните држави.

Бирол укажува дека во моментот постојат премногу пречки кои ја спречуваат размената на струја и пред се’ транспортот на енергијата добиена преку ветерните и соларните паркови.

Според него, само ако Европа успее да ја намали потрошувачката на струја и гас, може да се направи пресвртница во еколошкото производство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.