четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 41

Дали навистина жените се како виното?

seks

Поврзани вести

Голем број жени сметаат дека кога ќе ја поминат 30-тата година од животот ја губат сексуалната моќ. Меѓутоа, вистината е дека дури тогаш стануваат зрели за вистински сексуална авантура.

Можеби мислите дека младите жени се подобри, но жените во 30-тите години, докажано, се подобри во сексот од младите девојки. Дознајте зошто е тоа така.

Прифаќање на сопственото дело

Откако во 20-тите години секој ден стоеле пред огледало и се нервирале поради нивниот изглед, жените во 30-тите години стануваат свесни за нивните достигнувања и квалитети, па полесно се помируваат со физичките недостатоци. Слабите манекенки и модели од весниците и од телевизија повеќе не се мерило за убавината, па секоја жена подобро се чувствува во сопствената кожа.

Сексуална моќ

Просечната жена до 30-тите години најверојатно веќе променила неколку сексуални партнери и се запознала со сопствените навики и желби. Знаејќи што може најдобро да ја задоволи, полесно ги изнесува сопствените потреби и фантазии, па не се плаши да ги бара во интимните мигови. Исто така, ги цени сопствените љубовни вештини и ги користи.

Хемија

Со оглед дека повеќе нема нереално очекувања од своето тело, во овие години жената се чувствува сексуално привлечна. А тоа, секако влијае и на нејзината сексуална самодоверба.

Комуникација

По многуте години читање за сексуалноста, на жените повеќе не им е непријатно отворено да разговараат со нивните партнери за темите од спалната соба.

Уживање

Сексот за жената во 30-тите повеќе не е докажување, туку уживање. Сега кога имаат повеќе искуства со машкиот ментален склоп, жените полесно формираат врски, па и полесно се опуштаат за време на односот. Колку подолго двојката е заедно, толку подобро функционираат во постелата. А, ако сексуалниот живот западне во монотонија, полесно е да се отпочне разговор за тоа и да се воведе нешто ново, што ќе ве врати на почетокот.

Привлечност

Жените во нивните 20-ти години воглавно ги заведуваат мажите со нивниот физички изглед. Но, како што поминува времето доаѓа до професионални и лични успеси поради што стануваат привлечни во нов контекст. Во 30-тите повеќе не мора да играат само на картата на телесна убавина, туку и со развиениот интелект. Во овие години тие се многу повеќе самосвесни и похрабри и се чувствуваат уште поинтересни за мажите.

Долги врски

Во 30-тите години голем број жени влегуваат во долгорочни врски или брак. Ова исто така влијае на нивната самодоверба, со оглед на потсвесното ниво, затоа шти тие полесно ја примаат пораката дека некој е подготвен да го помине целиот живот со нив.

Најчитани вести