Дали новата одлука на ЗАМП ќе ги донесе радио станиците на колена?

Retro microphone

По објавата на ЗАМП за забрана за емитување и реемитување на македонска авторска музика, голем револт изразија и радио станиците во држава бидејќи тие се едни од најзасегнатите од овој проблем со тоа што им се загрозува нивната работа поради законскта обврска да емитуваат повеќе од 50% домашна авторска музика во својата програмa.

За сега од Министерството за култура немаат официјален став, а неофицијално Нетпрес дознава дека веднаш нема да се применуваат казни за неисполнувањето на оваа законска обврска поради специфичноста на ситуацијата во која нашите радио станици се наоѓаат.

Деновиве најмоќните радио станиците во Македонија се состанале, а како медијатор на помош биле повикани и поранешното раководство на Македонските приватни електронски медиуми (АПЕМ). Конкретно договор се’ уште нема, но се очекува в среда официјално да се заземе став.

Од поранешното раководство на АПЕМ за Нетпрес посочуваат дека заедно со сопствениците на радијата ќе се обидат да извршат притисок врз Министерството за култура и АAВМУ со што доколку не се изнајде соодветно решение, ќе се обелоденат компромитирачки документи за директорот на ЗАМП, Зоран Васковски, во врска со рееимтување на хрватската „Нова ТВ“ и згаснувањето во 2007 година.

Ова е сериозен проблем каде што државата и надлежните институрции треба да реагираат. Оваа ситуација им попречува на работата на радио станиците, како и на многу други субјекти во секојндевниот економски живот кои за оваа ситуација воопшто не се виновни, а треба да платат со загуба на својот профит. Можно е некои од нив да бидат приморани дури и да ги затворат своите бизниси или привремено да запрат со работа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.