Магазин

Дали облеката може да ви донесе унапредување на работното место?

Дали облеката може да ви донесе унапредување на работното место?

Студија спроведена на Универзитетот Харвард покажува дека изборот на облеката може да влијае врз вашиот напредување на работното место, а еве и како…

По се изгледа сите оние жени што трошат вистинско мало богатство на скапи и екстравагантни чевли конечно може да здивнат затоа што на тој начин може да и помогнат на сопствената кариера.

Истражувањето на Харвард покажа дека оние што не се обидуваат да се вклопат во кодексот на облекување во своето деловно окружуваер и со својот стил отскокнуваат од сите колеги имаат поголеми шанси за напредок на работното место, но и за самото вработување.

 

Тоа има смисла само по себе, ако се сетите на пример и на Марк Цукерберг кој носи најобични маици и фармерки иако е на чело на една од најголемите светски компании. Единствената разлика е во тоа што тој не се истакнува со екстраваганција, туку со скромност и едноставност, но во секој случај отскокнува од околината.

Суштината е во тоа што, тоа што го носите треба да остави впечаток и да ве издвои од масата, без разлика дали се работи за шарена кравата, забележливи чевли или ексцентричен накит, но мошне е важно да се види дека таа комбинација сте ја направиле намерно и дека ја носите со стил.