сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 8

Дали облеката може да ви донесе унапредување на работното место?

Студијата спроведена на Универзитетот Харвард покажува дека изборот на облеката може да влијае врз вашиот напредување на работното место, а еве и како...

biznis-stil

Поврзани вести

Студијата спроведена на Универзитетот Харвард покажува дека изборот на облеката може да влијае врз вашиот напредување на работното место, а еве и како…

По се изгледа сите оние жени што трошат вистинско мало богатство на скапи и екстравагантни чевли конечно може да здивнат затоа што на тој начин може да и помогнат на сопствената кариера.

Истражувањето на Харвард покажа дека оние што не се обидуваат да се вклопат во кодексот на облекување во своето деловно окружуваер и со својот стил отскокнуваат од сите колеги имаат поголеми шанси за напредок на работното место, но и за самото вработување.

zukerberg-1

Тоа има смисла само по себе, ако се сетите на пример и на Марк Цукерберг кој носи најобични маици и фармерки иако е на чело на една од најголемите светски компании. Единствената разлика е во тоа што тој не се истакнува со екстраваганција, туку со скромност и едноставност, но во секој случај отскокнува од околината.

Суштината е во тоа што, тоа што го носите треба да остави впечаток и да ве издвои од масата, без разлика дали се работи за шарена кравата, забележливи чевли или ексцентричен накит, но мошне е важно да се види дека таа комбинација сте ја направиле намерно и дека ја носите со стил.

Најчитани вести