Дали Путин на тајни сметки крие 40 милијарди долари?

Новата рунда на санкции кои Америка сака да и ги воведе на Русија, веќе би можело да ги зафати уште еден дел од луѓето од финансискиот круг околу Владимир Путин. Со тоа Америка би пратила јасна и цврста порака дека знае каде најмоќниот човек на Русија ги крие своите пари,  а со текот на времето би можел директно или индиректно да ги почувствува последиците од санкциите.

Имено, кога Америка воведе санкции за дваесет најбогати Руси и им  го замрзна имотот што го имаат во Америка, меѓу нив се најде Генадиј Тимченко, еден од косопствениците на „Гунвор“, една од најголемите независни компании за трговија со нафта.

Инвестициски дел во „Гунвор“ иа и Владимир Путин, пишува „Њујорк тајмс“, а токму новите санкции би можеле да бидат насочени кон откривањето на тајното богатство на Владимир Путин, за што се зборува веќе со години.

Глобалниот лов на неговите нбанкарси сметки трае веќе 15 години, а во тоа се вклучени политичари, тајни служби и новинари. нО, до сега никој не успеал да ископа што се точно поседува Путин и колку пари има.

Според некои проценки, Путин е „тежок“ помеѓу 40 и 70 милијарди долари, а доколку оваа проценка е точна, Путин во тој случај би бил најбогатиот шеф на некоја држава во историјата. Токму затоа е интересна листата на потенцијални имиња кои би можеле да се најдат како жртви на новите санкции од САД кон Русија.

Тие за Путин се многу важни луѓе, бидејќи преку нив тој го заработил своето богатство, тврди рускиот политички аналитичар, Станислав Белковски.
„Владимир има богатство во вредност од најмалку 40 милијарди долари, а сето тоа го заработил преку најголемите руски енергетски компании. Путин тајно контролира 75 отсто од „Гунвор“, 4,5 отсто од „Газпром“ и 37 отсто од „Сургутнефтегаз“, истакнал Белковски во ено интерву.

Пред три години, Сергеј Колесников, руски бизнисмен, објавил јавно писмо во кое напишал дека му помогнал многу на Путин да ја изгради својата палата на Црното море, вредна милијарда долари. Кремљ тогаш обвинувањата ги прогласил за апсурдни, но само една година подоцна, лидерот на опозицијата Борис Немцов, објавил извештај во кој се тврди дека Путин на располагање има 20 резиденции, 15 хеликопери, четири јахти и 43 авиони.

Обидот да се открие колкаво е богатството на Путин, со години наназад наидува на разни препреки. Минатиот месец, „Камбриџ јуниверсити прес“ ја откажа објавата на книгата од Карен Давиш, која во своето дело се занимавала со начинот на кој Путин го изградил режимот во Русија и како поради тоа станал еден од најбогатите луѓе на светот. Издавачот објавил дека ни малку не се сомневаат во веродостојноста на тоа што авторката го напишала, но дека се плашат од тужба која би можела скапо да ги чини.