Дали Русија ќе ја спасува Грција од банкрот ?!

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Русија, Владимир Путин денес ќе разговараат на телефон во врска со соработката во енергетскиот сектор, изјавил за Rojters извор од владата во Атина.

Во текот на денот Ципрас ќе се обрати во парламентот во врска со напредокот на преговорите со меѓународните кредитори околу програмата за помош, во период на остри критики кон владејачката партија Сириза, а поради реформите кои се предложени до ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд.

Според одредени гласини, Русија би можела да биде новиот извор на финансирање за Грција доколу Атина не успее да постигне договор кој ќе биде прифатлив и за нашиот јужен сосед и за кредиторите.

Сепак, во минатото владата во Грција неколку пати негираше дека има план да се обрати на Русија за помош.