Дали СДСМ заборави на изјавата на Заев за косовската телевизија?

Опозициската СДСМ, обидувајќи се повторно да издејствува политички поени, упати реакција до јавноста по денешното соопштение од Општина Чаир за промената на називите на две училишта. Тука се поставува прашањето дали најголемата опозициската партија во Македонија заборави на изјавите на нивниот лидер дадени пред само неколку недели во интервју за косовската телевизија РТК 1?

Како што пишува порталот „Курир“  станува збор за две училишта во Општина Чаир во кои 100 осто од учениците се Албанци и двете нови имиња немаат ништо негативно за Македонците.

Дополнително, промената на имињата е во директна надлежност на министерот за образование, а не на Владата, со што министерот сам има право да одлучува.

„Она што излегува на површина со овој случај е контрадикторноста во изјавите на Заев и СДСМ. Додека Заев еден ден ветува на косовска телевизја учење на албански јазик во градинките, основните и средните училишта, а згора над тоа и насмеан се слика во Куманово само ден по борбите на полицијата со терористите симболизирајќи го знакот на УЧК, веднаш потоа на СДСМ му пречи промена на имиња на две училишта каде 100 отсто од учениците се Албанци“ , пишува „Курир“.

Познавачите коментираат дека со ова Заев потврдува дека меѓуетничките односи му се само памфлет за правење на лична кариера и политички профит.