Дали се е поради парите: Ембер Херд „до гуша“ во долгови

Деновиве приказната за разводот на Џони Деп и Ембер Херд се повеќе се развлекува по таблоидите, а веќе се појавија и податоците за финансиската состојба на актерката. Ако се суди според нејзините банкарски сметки таа е „до гуша“ во долгови.

Во извештајот што е доставен до судот се гледа дека Ембер заработува околу 120.000 долари годишно, но тука не се пресметани хонорарите за филмските улоги. Проблемот според „Дејли меил“ е во тоа што таа месечно заработува околу 10.000 долари, а троши околу 44.000 на „основни трошоци“, каде е пресметата киријата од 10.000 долари месечно и уште толку на забави, подароци и одмори. Околу 2.000 месечно троши на облека и уште 2.000 долари месечно на оброци во ресторани, а дури 300 долари месечно троши за перење облека.

Покрај тоа, таа секој месец троши уште околу 10.000 долари на храна и играчки за нејзините миленичиња, како и за плата за нејзиниот публицист и агент.

Нејзините вкупни приходи минатата година биле 250.000 долари, додека расходите вкупно изнесувале 209.000 долари, што значи дека заработката била многу мала.

Ембер и Џони се разведуваат во Калифорнија, каде според законите имотот на сопружниците се дели на еднакви делови меѓу нив, но истовремено тие може да го задржат наследството и имотот што го стекнале пред бракот.

Медиумите шпекулираат дека по разводот Ембер ќе биде побогата за најмалку 15 милиони долари.