Спорт

Дали Симеоне ќе потклекне пред парите кои ги има Сити ?

Дали Симеоне ќе потклекне пред парите кои ги има Сити ?

Иако од клубот постојано повторуваат дека Пелегрини е сигурен на менаџерската позиција, сепак англиските медиуми се посилно шпекулираат дека деновите на Чилеанецот во Сити се избројани.

Манчестер Сити на последните шест натпревари има издвојувано само една победа, па ако може да им се верува на англиските медиуми, раководството на клубот веќе е во потрага по нов тренер, а изборот наводно паднал на Диего Симеоне, актуелниот тренер на Атлетико Мадрид.

Речиси е невозможно раководството на Атлетико Мадрид да се откаже од тренерот под чие водство клубот славеше во Лигата на Европа, шпанската Примера, а минатата сезона стигна и до финалето во Лигата на шампионите.

Сепак, кога е во прашање финансиската моќ на сопственикот на Сити, се е можно, па останува да видиме дали Симеоне ќе се откаже од се она што го изгради во Атлетико Мадрид и ќе замине во богатиот Манчестер Сити.