Крими хроника

Дали скопјанецот пронајден мртов замотан во кабли под напон извршил самоубиство?

Дали скопјанецот пронајден мртов замотан во кабли под напон извршил самоубиство?

Скопјанецот кој вчера беше пронајден мртов во својот дом во скопската населба Бутел, најверојатно извршил бизарно самоубиство дознава Press24 од свои извори во истрагата.от од обдукцијата на телото за да може да се изврши и квалификација на делото.

Триесет и осумгодишниот скопјанец вчера беше пронајден мртов во својот дом од екипи на Брза помош, околу 9 часот наутро. Тие го затекнале облеан во крв и замотан во електрични кабли вклучени во струја. Како се случило мажот да изврши самоубиство сé уште не е познато.

Доколку Министерството за внатрешни работи и официјално вака го квалификува делото, според воспоставената практика нема да бидат изнесувани информации во јавноста.