Дали солта е навистина опасна по здравјето?

Дали солта е навистина опасна по здравјето?
Дали солта е навистина опасна по здравјето?
Се чини дека после тутунот, солта е здравствен непријател број еден. Во прашање не е само лошата репутација. Судејќи според една студија од 2010 година, намалувањето на внес на сол би можело да спаси исто толку животи како и престанувањето со пушење.

Идејата е дека премногу сол го зголемува крвниот притисок, а со самото тоа и опасноста од срцев удар.

Меѓутоа, можеби ќе ви се причини чудно, но моментално постои жестока дебата меѓу научниците за тоа дали солта е навистина толку лоша.


Се чини дека „обвинението“ не е толку цврсто како што одредени личности сакаат да веруваме. На пример, одредени студии покажуваат дека зголемениот внес на сол резултира со помал ризик од прерана смрт предизвикана од кардиоваскуларни проблеми, додека пак, некои други ни велат дека премалку сол може да нè убие исто како и премногу сол.

Сепак, некои научници ќе речат дека, барем кога станува збор за висок крвен притисок, внесот на сол воопшто не прави никаква разлика.

А тука се и проблемите со одренени студии – луѓето кои во исхраната користат малку сол, можеби тоа го прават затоа што веќе се болни, создавајќи впечаток дека малиот внес на сол ја предизвикал болеста, а можеби внесуваат малку сол токму поради тие здравствени проблеми.
Без оглед на многуте студии, науката во овој случај сè уште нема доволно конкретни докази за да укаже на тоа дека една од страните е во право, а другата не е, но повеќето се сложуваат дека голем дел од проблемот е преработената храна која содржи неверојатно големи количини на сол.

Доколку правите храна дома, слободно може да го поросите јадењето со сол – сепак, таа е важен нутриент кој е клучен за бројни процеси врзани со крвта, нервите, па дури и движењето. Но, не претерувајте.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.