Дали Сорос ги плаќал уредниците на радио Скопје уште во 1963 година?

Спинување на инфромациите е многу важна работа во денешно време. Светски тренд. Во Македонија спинувањето не е ново. Го има. Се практикува. Една од најважните пајажини на македонската информативна сцена е фондацијата Сорос. Збирштина од пропаднати пискарала и полициски новинари. Едноставно кажано новинарска багра и џган. Но, многу итра и вешта.

Тие, полтроните на Сорос, јавно се декларираат како „професионални и објективни“ новинари, критичари на власта, нормално за да и’ мачкаат очи на јавноста, на публиката. Всушност не се ништо повеќе од обични извршители. Сервилни типчиња кои извршуваат партиски задачи за потребите на очајниците од СДСМ.

Деновиве еден од нив се осврна токму на спинот. Објаснува онака стручно. Инаку, станува збор за поранешен главен уредник во два дневни весници, а сега, пак, слободен стрелец во медиумите платени од СОРОС. Чисто да се знае. Човеков претпоставувам заработува повеќе и од тогаш кога беше уредник, но ете од се’ нешто е незадоволен.

Се прашувам на пример, бидејќи тие, полтроните на Сорос, кои јавно се декларираат како „професионални и објективни новинари“, критичари на власта, дали во 1963 година, за вестите на Радио Скопје, Сорос му платил на тогашниот уредник и новинар да ги критикуваат надлежните за комарците?

Бидејќи авторот од Сорос пајажината тврди дека тогаш, иако имало строга цензура и партиска контрола, сепак имало и прави новинари кои успевале да се задржат на основата, поточно да ја искритикуваат власта за пропустите, нешто што наводно не постоело во денешно време, педесет години подоцна. А се прашувам и, ако сега, во денешно време нема слобода на изразување, па како тој успеал да напише таква колумна, со такви критички настроени ставови?

Понатака во своето „дело“, за да ги ублажи работите и демек јавно да го покаже својот „независен“ новинарски курс, почнува демек да ги напаѓа и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Да оправа „криви дрини“, како МРТВ е сервис на партиите, а не треба да биде тоа. Види бога ти. Демек он независниот. Независен зависник од благодетите и материјалното на Сорос. Па соли памет, па кажува приказни за мали деца. Демек неговите го оправија МРТВ, а сега пусто МРТВ тоне како „Титаник“.

Едноставно нема што многу да се мудрува. Нека си ги прочита показателите за квалитетот на програмата и рејтингот на гледаноста, и нека си ги спореди со оние од времето кога неговите беа на власт и ќе му стане јасно се’.

Инаку, покрај другото, за разлика од сите останати телевизии во земјава, МРТВ е единствената која не практикува нискобуџетски турски и шпански серии, и има програма која ги информира, едуцира и забавува гледачите.