Дали сте подготвени за брак?

Дали сте подготвени за брак?
Дали сте подготвени за брак?

Доколку не сте сигурни дали сте подготвени да го кажете судбоносното „Да“! Тогаш можете да се тестирате со овие 12 прашања.

Ако веќе сте во долга врска и размислувате за следните чекори, нема да биде на одмет да се проверите како размислувате. Погледнете ги овие 12 прашања што ќе ви помогнат да ја решите недоумицата.

  1. Дали навистина се прифаќате еден со друг?

Секогаш има работи што сакаме да ги промениме кај блиските во нашиот живот, но доколку некој не ве прифаќа онакви какви што сте, не ви овозможува да бидете свои и единствени, размислете уште еднаш дали таа личност е за вас.

  1. Која сум јас?

Вашиот партнер неможе да ве познава и да ве поддржува, ако пред се, самите незнаете кои сте.

  1. Дали сум среќен/ на во врската?

Најважна работа во животот е да бидете среќни. Ако често се расправате со партнерот и чувствувате дека морате сами да ги поправате нештата, немојте да мислите дека тие работи ќе се поправат во бракот.

  1. Дали подеднакво вложувате во врската?

Дали и двајцата се трудите да постигнете компромис, дали подеднакво се грижите еден за друг, дали меѓусебно се поддржувате, а понекогаш и се жртвувате еден за друг? Ако сето тоа го правите само вие, а другата страна седи со скрстени раца, размислете уште еднаш за вашата одлука.

  1. Дали ви е забавно заедно?

Често можеме да вдиме двојки што на романтична ечера седат ладни и незаинтересирани, како да се на некој здодевен работен состанок. Тоа воопшто не е забавно.

  1. Дали се забавувате кога не сте заедно?

Многу е важно да ја сочувате самостојноста во врската: забавата со старите пријатели, без партнерот треба да ви биде „издувен вентил“.

  1. Зошто сум во оваа врска?

Дали навистина го сакате вашиот партнер, го цените, почитувате или можеби само се плашите од осамноста, од тоа да бидете оставени, од финансиската ситуација или се плашите да одите?

  1. Дали оваа врска има иднина?

Да се живее мигот „сега и веднаш“ е доста возбудливо и убаво, но ако во вашата врска немате никаков план за понатаму, некој од партнерите ќе стане нервозен.

9. Дали навистина му верувате на партнерот?

Морате да бидете свесни за фактот дека довербата е основа за секоја врска, а посебно за брак. Ако тоа не сте го постигнале за време а  врската, за понатаму треба да размислите.

10.  Дали одиме во ист правец?

Некои двојки ги избегнуваат темите за брак, деца, семејство мислејќи дека сето тоа само по себе ќе си дојде со текот на времето. Сепак некои личности никогаш не сакаат да „се скрасат“ затоа е најдобро на време да разговарате за вашите цели и планови.

  1. Дали јас сум сеуште јас?

Тоа што некого го сакате немора да значи дека треба да ги промените вашите цели, сфаќања и интереси. Да се биде свој и предаден на партнерот истовремено е и возможно и важно!

  1. Дали сум партнер или родител?

Да се грижите за некого е многу убаво, но не и кога морате да се грижите за мажот за кого треба да се омажите. Вам ви е потребен зрел и остварен маж, а не „мамин син“!