Дали сте слушнале што е тоа Слешинг кариера?

Кренете рака ако имате добра кариера, но, исто така, и втора и третата работа заедно со неа. Дешифрираме што е хибридна кариера и зошто треба да бидете горди ако имате таква кариера.

Мултитаскингот веќе стана секојдневие. И таман кога сите станавме вешти, па дури и кога мажите кои според некоја урбана легенда не се навикнати да владејат во оваа вештина почнаа да ја употребуваат, еве уште еден таков термин, за кој што можеби не сте слушнале, но сигурни сме дека ќе го практикувате во вашиот живот. Или барем познавате некој што го практикува. Значи, ако не сте случнале за слешинг, тогаш сигурно сте слушнале за луѓе кои работат – минимум три работни места. Но, тоа не се оние три работни места на кои што работите деноноќно за да имате за голо преживување. Станува збор за одржување на неколку кариери одеднаш.

Англиската новинарка Ева Барлоу неодамна напиша една статија во која апсолутно го поддржа овој систем кој долго време го тестира врз себе си. Ева е адвокат по професија и секогаш работела на неколку работни места; пишува за неколку англиски весници и списанија,  работи како музички менаџер, консултант и сценарист. Така живеат речиси сите нејзини пријатели: ја комбинираат работата на радио и работат како диџеи во клубови, работат како адвокати и инструктори по зумба, еден новинарка работи и како готвач во еден ресторан, и речиси сите млади луѓе што таа ги познава имаат неколку кариери одеднаш. Таа вели дека не постои подобар пример за овој начин на живот од возачот на Убер (такси компанија во која повремено возат нелиценцирани возачи со сопствени возила) во Лос Анџелес, каде што неодамна беше поради работа.

Сите тие додека возеат, нудат нешто и од својата сопствена работа: рачно изработени парчиња на мебел, недвиѓности што во моментов ги продаваат, нова органска козметика без парафин што самите ја произведуваат…  Најмногу ја изненадил  возачот што ја возел на доделувањето на Оскарите: пред да излезе, тој и’ дофрлил да навива за него, бидејќи неговиот филм беше номиниран, всушност, тој глуми во филмот Whiplash. Некогаш во светот на добрите, сериозни кариери во светот се ценеше насоченоста на избраната област, тесната специјализација, страста само за една избрана за кариера за која што станувате голем експерт. Сè друго се сметаше за знак на незрелост. Ако таквото скитање од професија во професија некогаш се сметаше за невротично, за знак за некоја суштинска загубеност во животот, сега тоа истот се вика Слеш кариера и многумина од нас живеат токму на тој начин и уште поважно тоа не е нешто од што треба да се срамите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.