Дали сте свесни што направивте?

и Договорот од Пржино и Законот за посебно Јавно обвинителство се не само под притисок од надвор, а и директно донесени од странци. Пржинскиот – од еврокомесарот Јоханес Хан, европратениците Ховит, Кукан, Вајгл и американскиот амбасадор Бејли. Автор на Законот за посебно Јавно обвинителство, пак, е Питер Ван Хут, кој притоа не е правник. За овие прекршоци Кривичниот законик е дециден. Според глава 28, член 308 – Загрозување на независноста: „Граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку 5 години“.

Мене не ме чудат антидржавните дејствија на СДСМ, ДУИ и ДПА. Врвот на СДСМ заедно со поранешниот „Капи ди тути  капи“ оддамна мораше да биде во затвор, а таа партија – трансформирана во македонска патриотска организација. ДУИ се поранешните терористи од 2001 г., а ДПА – исто има антимакедонска сепаратистичка функција.

Затоа моето директно прашање е кон ВМРО-ДПМНЕ, кон пратениците на оваа партија и кон Владата: дали сте свесни што направивте во последниве 9 години преку коалициите со терористи и сепаратисти. Дали сте свесни дека со вашите безбројни попуштања на антидржавни „партнери“ и странски душегрижници Македонија е на чекор од официјална федерализација и на два чекора од целосно уништување? Дали сте свесни дека и со Договорот од Пржино и со Законот за посебно Јавно обвинителство и со идната коалициона Влада со национални предавници го копате својот гроб и гробот на Македонскиот народ и држава?

Незнам дали функционерите на владеачката партија се зомбирани (членстово секако не è), дали странците од ЕУ и САД не направиле од нив геномодифицирани субјекти за еднократно користење. Иако не верувам во приказната дека кај Македонците има ген на самоуништување, тврдам дека кај македонските политичари таков е инфилтриран барем од две столетија. И не само кај политичарите туку кај сите кои што имаат некоја државна функција. Дали во светот постои одлука како таа на МПЦ во однос на македонската дијаспора и верници во Австралија? Владиците ги прифатија глупостите на политичарите заради еден човек (владиката Петар) да ги оттргнат нашите Македонци таму од матичната земја. На ист начин на кој политичарите ја уништуваат Македонија, заради Заев и Заевци. Како политичарите мора да бидат слуги на македонските граѓани, а не нивни заповедници, така и владиците мора да бидат слуги на македонските верници. Граѓаните мора да одлучуваат, а политичарите да слушаат. Верниците мора да одлучуваат, а владиците да слушаат. Затоа што без Македонци и без верници нема ниту држава ниту, црква.

Се чудам на тврдењата: мора да има избори за да победиме, СДСМ бега од избори бидејќи знае дека ќе изгуби итн. Прво, сите мора да знаат дека ако се стигне до избори противник на ВМРО-ДПМНЕ не е само СДСМ а сите кои седат позади него, кои денес диктираат и на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата и на државата. Така што победата сосем не è сигурна. Второ, ако сепак ВМРО-ДПМНЕ победи зошто мислите дека надворешниот фактор ќе престане со уцени? Трето, по 9 победи на владејачката партија дали нешто се менуваше? Не! И предавничката улога на СДСМ оставаше и антимакедонската пропаганда на соросоидите и странските команди од надвор. Дали ќе има пресврт по 10 победа? Самиот факт дека цела година Заев си игра со државата, а странците господарат како сакаат, непокажува спремност на ВМРО-ДПМНЕ за пресвр во ниеден правец. Инаку немаше да дојдеме до тој ќорсокак.

Ќе признаам дека немам високо мислење за…