Дали сте свесни што направивте?

голем дел од македонските министри, пратеници и функционери на владејачката партија. Без Груевски тие имаат мала вредност. Затоа што чекаат од него да биде човек оркестар: да дава идеи, концепти и решенија во сите сектори на економијата, политиката, културата, образованието и да ја контролира нивната реализација. Се прават могу глупости по што Премиерот не е можно да е насекаде присутен, а министри и пратеници немаат храброст и чувство за одговорност, скопени се во однос на лидерство. Така што доколку Груевски потклекне на уцените од странците, готова е целата Влада, готова е целата владејачка партија. Истовремено не сфаќам каква уцена турка Груевски кон самоубиствени дејствија и за себе и за државата. Зошто тој и ВМРО-ДПМНЕ го кршат Уставот со Законот за посебно Јавно обвинителство кога знаат дека тоа се создава од странците за негово обвинување, а не на Заев. Затоа двоецот Катица-Заев изјави дека првите обвинети ќе бидат кон крајот на годината. Со други зборови, кога во Владата надмоќ ќе имаат антидржавните елементи (СДСМ + ДУИ + ВМРО-вски министри колабрационисти), а Груевски се повлекува од функцијата. Или се лаже дека ќе победи на судски процес со организирани прислушувања, сведоци и судии.

Денес сме пред следственото македонско Ватерло. Се решава судбината на македонските Македонци и на Македонската држава. Во таков момент не сме во можност да мислиме и дејствуваме капитулирачки, ниту пак, наивни, толерантни и попустливи демократи. На ударот со удар, на ножот со нож – така се брани своето. Мора да им биде јасно на сите – во една држава неможат да живејат истовремено предавници и патриоти. Луѓе, кој се против државата, странски агенти и измеќари и луѓе што си ја сакаат државата. Тоа секогаш било неприродно затоа и непостоело. Најголемиот проблем на Груевски е погрешниот концепт дека сите сме Македонци. Македонската историја во минатото и денес го демантира. Македонството се докажува преку дејствие а не преку потекло и родно место. Македонството е повеќе од етност затоа мора да се заслужи.

Позитивното во неуспешните ноќни преговори во Пржино (со одењето во резиденцијата на ЕУ веќе кој пат се понижуваме) е дека ВМРО-ДПМНЕ не капитулира како досега. Затоа што сите теми за преговори се штетни за државата – повторно Изборниот законик, изборот на нови министри, Законот за „свиркачите“, прашањето за медиумите итн.

Во заклучок: мора да биде отфрлен Договорот од Пржино, поништено и нелигитимното Јавно обвинителство, а владејачката партиа и Владата да го довршат својот мандат. Заев и неговата компанија да бидат веднаш уапсени и пратени во затвор, а судството да одлучи за иднината на правното лице СДСМ во контекстот на неговите антидржавни дејствија. Соросовиот Октопод да биде истеран од Македонија. При реакција од некои амбасадори тие да бидат отпратени со првиот авион во нивните земји. И тоа да биде само почеток на новата Македонска преродба.