петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Дали тој е добар љубовник – дознајте пред да имате секс со него

Како генерално правило, колку мажот е поотворен и друштвено ориентиран, толку се поголеми шансите добро да комуницира и во спалната соба.

Couple-Sexy-attraction

Поврзани вести

Како генерално правило, колку мажот е поотворен и друштвено ориентиран, толку се поголеми шансите добро да комуницира и во спалната соба.

Поголемиот дел жени ќе се согласат дека најдобриот увид во љубовничките сопсобности на мажот го дава бакнежот, вели сексуалната терапевтка Трејси Кокс.

Мажот што се бакнува премногу нежно произведува многу плунка, а неговиот стил може да се опише како предвидлив и помалку здодевен, па веројатно не е премногу креативен ниту страстен во постелата. Бакнежите на брзина во стил на „центрифуга“ во кои постојано се менува едно исто движење е знак за егоистичен љубовник што во сексот ќе мисли првенствено на сопственото задоволство, додека мажот што менува различни видови бакнежи и одговара на иницијативата на жената открива сензибилен љубовник.

Ако мажот со дланките го опфаќа вашето лице, а за време на бакнежот му се протне и по некоја воздишка, тоа е добар знак дека во креветот со него ве очекуваат голем број изненадувања, вели Кокс и додава дека бакнежот е ултимативен знак за проверка на мажот како љубовник, а ако не е добар, тогаш воопшто и не треба да има секс.

Како јаде

Најдобрите љубовници се хедонисти што уживаат во добрата храна, а најлошите се премногу пребирливи. Мажите што се опседнати со броење калории и одржување на сопствените мускули со високопротеинска исхрана во секост повеќе се возбудуваат самите, отколку што тоа и го прават на партнерката. Сепак лакомоста и брзото „трупање“ храна не се пожелни, затоа што ги откриваат мажите што немаат трпение во ништо, па ниту во сексот.

Како се однесува во друштво

Како генерално правило, колку мажот е поотворен и друштвено ориентиран, толку се поголеми шансите за добро да комуницира и во спалната соба. Затворените мажи може да бидат со прикриени страсти, а кај оние што повеќе набљудуваат отколку што говорат многу е голема веројатноста да имаат некои бизарни сексуални фетиши.

Најчитани вести