Дали тој е вљубен во вас или во сексот што го има со вас?

Љубов, совршена мистерија со загадочни патокази, заплеткана приказна со ликови тешки за дешифрирање.

Понекогаш расплетот на љубовта доаѓа тешко, а понекогаш потребно е само внимателно набљудување за да го откриете лажгото, оној кој ви го ветува светот, а сè што сака е само влез во вашиот кревет.

Дали партнерот е вистински вљубен во вас или само му се допаѓа сексот кој го имате, па го одолговлекува раскинувањето и сјајно ги маскира неговите намери, односно ненамери?

Откријте веднаш:

Тој ви купи секс играчка за роденден

Очигледно не обрнува внимание на вашите интереси и желби. Не е важно што вие имате прекрасна колекција обетки или сакате интересни марами. Со аргументот дека ќе уживате заедно со подарокот, почнувате да размислуват дали сексот е единственото нешто во кое уживате заедно.

Го вметнува сексот во секој друга обична активност

Додека гледате филм, додека готвите, додека се туширате… секое време и место е погодно за секс. Постојано ви потенцира колку сте секси и колку го возбудувате. Од една страна тоа ви ласка, а од друга, е исклучително поразувачки и тажно.

Романтичен е само во спалната соба

Само додека сте голи меѓу чаршафите, тој емотивно се отвора и ви зборува колку му е убаво со вас и колку сте прекрасна. Тие зборови не ги слушате додека сте тажна, депресивна или во која било друга обична пригода.

Не спиете никогаш во неговиот дом

Да, вие сте чест гостин во неговиот дом, но очигледно само додека трае сексот. После тоа, задолжително ви вика такси и си одите дома. Никогаш не сте преспале во неговиот кревет и немате ниту едно ваше предметче под неговиот покрив.

Кога ви е потребен за нешто сериозно, не е достапен

Секогаш сте тука за него, да го сослушате и да го посоветувате. Но кога вам ви е потребно неговото внимание, тој испарува. Треба да се селите или вашето куче е болно, тој не е достапен. Вашите секси пораки предизвикуваат поголемо внимание, отколку вашите емотивни пораки.

Ви дава комплименти поврзани само со надворешниот изглед

Секоја жена сака комплименти и ласкања. Убаво е да се слушне колку сте згодни, имате убави нозе, стегнато тело, колку убаво ви стои тој фустан. Но, освен за физичкиот изглед, тој не дели пофалби и комплименти апсолутно за ништо друго. Очигледно не ги познава или признава вашите други квалитети.

Го каните на романтична вечера, тој предлага веднаш да преминете на десертот

Се чини дека суптилно ги одбива сите ваши покани за дружба или фина романтична вечера. Тој едноставно е повеќе загреан за тоа што ќе се случува после. Зарем не ви здосади да ве гледа како секс машина?

Не сте поканети никаде

Одвај го познавате неговото друштво. Никогаш не добивате покана за дружби, ниту приватни, ниту оние колегијалните на кои тој оди сам. Кога и да зборувате на таа тема, тој одговара дека не е подготвен сè уште за таков тип на врска и преферира да не му вршите притисок.

Не се грижи дали му се допаѓате на некој друг

На прв поглед тоа е супер, си мислите – Па добро, не е некој љубоморен и посесивен тип.

Но, него не му пречат ниту вашите колеги, ниту пак му е гајле што некој отворено ви се пуштал додека бевте излезени со другарките.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.