Дали треба да ја јадете храната што ви паднала на земја?

Експертите ставиле бактерија салмонела на подот и фрлиле храна на пет, 30 и 60 секунди. Потоа измериле колку бактерии се пренеле на храната.

Поголемиот број луѓе се запознаени со ова правило – доволни се само 5 секунди храната да биде на подот за да се зарази со бактериите и вирусите што се наоѓаат таму. Мажите посебно се придржуваат кон ова правило, додека жените многу почесто ќе ја изедат храната што им паднала. Но што вели науката за овој проблем? Дали пет секунди се навистина доволно време за храната да се контаминира со вируси и со бактерии? Дали храната може навистина и понатаму да се јаде?

Професорот по науката за храна Пол Досон спроведе истражување на оваа тема во 2007-мата година. Но, можеа да го прочитаат само оние што се претплатени за магазинот „Журнал на применетата микробиологија“ (Journal of Applied Microbiology) и на пошироката јавност резултатите и’ останаа непознати.

Научниците сакале да знаат колку бактерии во тој краток период ја зафаќаат храната. Ставиле бактерија салмонела на плочките, килимот и паркетот. Пет минути подоцна фрлиле парче леб и мортадела на 5, 30 и 60 секунди. Потоа го измериле количеството бактерии на храната. Ја повторувале истата постапка секои два, четири, осум и 24 часа.

Се испоставило дека воопшто не е важно колку долго време храната била на земјата, поважно од тоа е колку бактерии имало на површината, а тоа се зголемувало со текот на времето како што бактеријата се размножувала, пишува Си Ен Ен.

Исто така важен е и видот на подот. Ако храната ви падне на килимот, ќе собере помалку бактерии отколку ако падне на плочките или на паркетот. Кога ставиле салмонела на килимот, само 1 отсто од бактеријата преминала на храната. Но, ако храната била на плочки или на дрво, врз неа преминало од 48 до 70 отсто бактерии.

До речиси идентични резултати дошла и минатогодишната стуудија на Универзитетот Астон во Велика Британија. Во нивното истражување луѓето ги интересирали дали смеат да ја изедат храната што им паднала. Од безбедносна точка на перцепција, ако имате милиони бактерии на површината, доволно е само 0,1 отсто бактерии за да се заразите. Некои видови бактерии мошне брзо се шират и потребно е многу мало количество за да се заразите. Например, доволни се само 10 станици од Ешерихија Коли за да предизвика тешка болест па и смрт кај луѓето со влошен имунитет. Но, шансата таа бактерија да се најде на површината е многу мала. Не е важно само дали храната паднала на подот, истакнуваат експертите, туку и другите медиуми преносници, како што се површините во кујната, сировата храна, па и нашите раце и кожа. Затоа е важно површините во кујната секогаш да бидат чисти и рацете да ги миете често и темелно.

Исто така внимавајте и на кашлицата и кивањето. Затоа следниот пат кога храната ќе ви падне на под, можете да ја изедете. Веројатноста дека ќе се разболите е речиси никаква, но сепак постои.