Дали убавата Словенка ќе стане првата дама на САД?

Доколку Меланија Трамп ја наследи Мишел Обама како прва дама на САД за својот пат до Белата куќа ќе може да биде благодарна на случајната средба во 1987. година во главниот град на нејзината родна Словенија.

-Заминував од модната ревија во Љубљана и ја видов пред зградата. Веројатно ја чекаше пријателката, раскажал за Ројтерс словенечкиот фотограф Стане Јерко.

-Ја забележав бидејќи беше висока и слаба. И пријдов и и предложив фотографирање, навел тој.

Резултатот бил црно-бели фотографии на седумнаесетгодишната Меланија Клавс, кои ја покренале нејзината манекенска кариера и кои ја одвеле до Милано и Њујорк, каде на една забава во 1998. го сретнала Доналд Трамп.

Животот кој го има сопругата на американскиот мултимилијардер е далеку од нејзините скромни корени во Словенија..

Жителите на градот каде Меланија израснала велат дека нејзиниот татко продавал делови за автомобили, а нејзината мајка работела како кројачка на детска облека.

Некои медиуми наведуваат и дека нејзиниот татко бил член на Комунистичката партија, како и многумина други во социјалистичка Југославија, но потврда за тоа нема.

Од компанијата на Трамп нудл малу поразличен поглед на детството на Меланија и тврдат дека таа започнала да се занимава со манекенство уште од нејзината петта година, како и дека нејзиниот татко бил менаџер во автомобилска компанија, а нејзината мајка модна дизајнерка.

-Татко и никогаш не бил комунис, рекол портпаролот на компанијата на Трамп за Ројтерс.

Родителите на Меланија и понатаму живеат во семејната куќа со мал двор и неколку овошки, иако голем дел од слободното време го поминуваат во САД, каде им живее и другата ќерка Инес.

Во Љубљана Меланија започнала да се занимава со манекенство бидејќи ја освоила титулата прва придружничка на Мис на Словенија во 1992. година.

MELANIJA1

-Прво беше срамежлива, но брзо учеше и искажуваше интерес за секој детал на фотографирањето, рекол Јерко кој додал дека брзо се претворила во гламурозна пеперутка.

Јерко, кој денес има 78 години сеуште ги чува фотографиите на Меланија.

-Сигурен сум дека ќе биде среќна ако нејзиниот сопруг стане претседател. Мислам дека е многу горда на неговите достигнувања, а верувам и дека до некаде сум и јас заслужен за нејзиниот успех, додал Јерко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.