Дали уште еден наш репрезентативец ќе заигра во Серија А ?

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми се наоѓа пред трансфер во редовите на италијанскиот калчолигаш Торино, пишуваат медиумите на Апенините.

Членот на Динамо Загреб треба да биде едно од главните засилувања на Торино за следната сезона, а клубот за овој трансфер е подготвен да плати 6 милиони евра.

Адеми треба да биде новиот дефанзивен играч за врска на Торино и да го замени 36-годишниот Џузепе Вивес, кој веќе не може да одговори на ритамот во Серија А. Преговорите се во тек, а останува во наредниот период да се види дали македонскиот репрезентативец од Хрватска ќе се пресели во Италија.

Доколку се реализира неговото заминување во Италија, тој ќе биде четвртиот македонски фудбалер кој ќе игра во Серија А следната сезона, по Горан Пандев и Никола Јакимовски во Џенова и Александар Трајковски во Палермо. Во Италија секако е и Стефан Ристовски, кој е член на Парма, а минатата сезона ја доигра како позајмен фудбалер во второлигашот Латина. За него сериозен интерес појавува новиот калчолигаш Карпи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.