Дали и вие го чистите лицето неправилно?

Иако изгледа дека ова е нешто наједноставно во вашата дневна рутина, неправилната нега на кожата може да предизвика сериозни проблеми – црвенило, иритација и други видливи недостаоци. За среќа потребни се само неколку измени и малку повеќе труд за да добиете совршен изглед.

  1. Избегнувајте го миењето наутро

Ова е добра вест за сите оние што признаваат дека се мрзеливи кога станува збор за негата на кожата. Нема потреба да го миете лицето два пати дневно. Освен ако немате премногу мрсна кожа, сосема слободно можете да го прескокнете утринското чистење. Наместо тоа, задолжително мијте го лицето навечер пред спиење. Вашето лице во текот на целиот ден е исложено на загадувачи, од загадувањето на воздухот, до шминка и сончево зрачење. Ако ја оставите нечистотијата на вашето лице во текот на ноќта тоа че предизвика затворање на порите и ниту еден производ нема да може да продре внатре и да ја заврши својата работа.

  1. Двојно чистење на лицето навечер

Чистењето на лицето во два чекори ќе ви овозможи во целост да ја исчистите шминката и да ја исчистите кожата. Понекогаш, особено ако носите шминка не е доволно да ги направите само овие два чекори. Почнете со вообичаен отстранувач на шминка, а потоа исчистете го лицето со продукт наменет за тоа.

  1. Изберете ги вистинските производи за вашето лице

Со оглед на тоа…

Со оглед на тоа што има толку голема понуда, да се пронајде вистинскиот производ би можело да биде вистински предизвик. Па од каде да почнете. Ако производот се состои од активни состојки – тие нема да бидат долго време на вашето лице за да направат чудо. Понатаму, одредете го типот на вашата кожа. Доколку имате мрсна или чувствителна кожа изберете кремаст лосион или млеко за чистење без сулфати. Доколку имате сосема малку мрсна кожа, тогаш изберете пенлив гел што ќе биде во баланс со вашата кожа.

  1. Мијте се со студена вода

Можеби се чувствувате пријатно (особено во зимските денови) кога се миете со топла вода, но треба да знаете дека оваа навика може да ја исуши вашата кожа, па дури иако користите кремаст производ за чистење или средство за хидратација. Иако можеби сте слушнале дека студената вода ги затвора порите, тоа е само мит (порите не се фиоки што се отвораат и се затвораат). Најдобар избор е да го миете лицето со млака вода.

  1. Чистете го лицето со кружни движења

Начинот на кој што го нанесувате производот за чистење е исто толку важен како и производот што го користите за чистење на лицето. Наместо со сунѓер или со крпа, со врвовите од прстите нежно втријте го средството за чистење лице со кружни движења и користете сосема мал притисок. Нема потреба да стругате или да триете, тоа само ќе предизвика црвенило и испукани капилари.

  1. Исушете го лицето

Откако го усовршивте процесот на чистење, внимавајте да не уништите се со неправилно сушење. Избегнете го триењето на лицето со крпа, тоа може да биде грубо и да предизвика иритација. Наместо тоа, нежно тапкајте со крпата и секогаш користете чиста крпа, а не онаа со која ги бришете рацете. Секогаш треба да имате само една крпа што ќе биде наменета само за лицето и која што ќе ја перете често.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.