Дали во Македонија има ебола ќе се знае утре

Телото на починатиот Британец, Џефри Колин, за кој постојат сомневања дека заболел од вирусот на еболасе чува во изолација на Инфективната Клиника.  Резултатите од германската лабораторија кои треба да потврдат или демнатираат дека се работи за ебола, се очекуваат утре попладне.Надлежните ја смируваат ситуацијата,бидејќи нема друг сомнителен случај. 

Во карантин се 35 луѓе и таму ќе останат се’ додека не се добијат резултатите или најмногу до три дена. Од нив 25 се гости од хотелот, меѓу кои и пријателот со кој се дружел починатиот, а 10 лица се под постојан лекарски надзор на Инфективната клиника –девет се медицински лица, меѓу кои и екипата од Брза помош, која го транспортирала, како и хигиеничарката од хотелот.
Нема податоци за починатиот со колку луѓе бил во контакт надвор од хотелот, а среќна околност, според  д-р Јованка Костовска, раководител на превентивниот сектор во Министерството за здравство,  што последните три дена тој не излегувал од хотелската соба.