Дали Заев е свесен што му се случува?

И покрај тоа што за него и за неговата партија актуелниот судски процес почна катастрофално поради урнатото тврдење дека премиерот Груевски бил дел од случајот Македонска банка, Зоран Заев сепак може да се радува што по неколкумесечна изолација повторно се појави во јавноста на колку-толку сериозни теми, пишува порталот „Република“.

Освен „фејсбук политиката“ која што ја водеше за време на долгиот летен распуст, што си го дозволија највисоките членови на раководството на СДСМ на чело со лидерот, најзначајните остварувања на струмичкиот градоначалник годинава на кој се сеќаваат граѓаните е неговата маска на карневалот кој го организира и финансира самиот.

Во текстот на порталот се наведува дека Заев ретко го имаше и во медиумите контролирани од опозицијата, што е најдобар показател дали неговите потези биле соодветни за позицијата – лидер на опозиција, која што е од огромна важност во секоја друга држава освен во Македонија во последниве неколку години. Се поставува прашањето, дали воопшто Заев со сериозност ја сфаќа позицијата која ја има.

Понатаму се вели дека по кастастрофалниот политички пораз  на опозицијата очекувано е лидерот на опозицијата веднаш по изборите да  посвети огромно внимание на реорганизирање на партијата, како и изнаоѓање на нови кадровски решенија. Но, наместо тоа, се чини попривлечен му се видел одморот во Грција.

„Сериозен проблем на Заев очигледно е потребата како да се сврти внимание. Несомнено СДСМ располага и со медиуми, како печатени така и електронски, но исто така располагаа и со финансии, впрочем самиот СОРОС на Владе Милчин чии активности се насочени кон промоција на опзициските политики и поддршка на ним наклонетите медиуми, располага со буџет од 5.200 000 евра годишно. Но, СДСМ одбра друго ниво на комуникација кое ги доведува до изолација. За какво ниво на изолација се работи најдобро може да се види ако се анализираат неговите средби со странските фактори. Јавноста не била сведок на негова средба со некои од амбасдорите на најмоќните земји на светот со месеци ако се исклучат коктел -приемите како оној на американската амбасада за националниот празник 4 јули“, се вели во текстот на „Република“.

Дпополнително се наведува дека лидерот на опозицијата уште полошо стои на надворешен план. Додека Груевски со неговите балкански колеги во Берлин  разговараше за иднината на регионот и на Македонија  со Ангела Меркел и Австрискиот премиер, Заев од Струмица договараше средба со дипломат од среден калибар од германското Министерство за надворешни работи со кого се сретна деновиве во Скопје. Заев се сретна со кинескиот амбасадор Вен Џеншун, додека Груевски за една година се сретна неколку пати со Кинескиот премиер Ли Кечијанг и со претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг.

„Лидерот на опозицијата има иако помала но сепак значителна одговорност за процеите во државата. Насекаде тој е личност кој треба да биде најдобрата алтернатива на власта и човек кој треба да има цврст став за најважните прашања. Најважно е што Македонија за разлика од сите земји ленки на ЕУ па дури и на нашите соседи кои што не се дел од унијата, не може да смета на првиот човек на опозицијата како на сериозен играч кој што во даден момент би бил од корист за државата и граѓаните, што за жал го препознаваат и странците“, се вели во текстот на „Република“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.