Дали Заев соработува со истите странски служби за кои му пишуваше на Тачи?

Зоран Заев, четвртоосомничен во акцијата „Пуч“, акција против нелегално прислушување во соработка со странски служби, секојдневно се обидува да ја дефокусира јавноста од вистинското прашање: Од кога Зоран Заев соработувал со странски служби и чии се тие служби кои треба да му помогнат во рушењето на демократски избраната власт во Македонија?, пишува Република.мк.

Заев ја призна соработката со странските служби со признавањето на писмото упратено до Верушевски, чиишто нелегални разузнавачки активности не се првпат тема во Македонија.

„Работата која ја чекаме од пријателите од надвор… Сега останува само да ми кажете кога можеме да се видиме најбрзо затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но и богами овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата“, му напишал Заев на Верушевски.

Заев и претходно соработувал со странски служби во борбата за власт во Македонија.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во март лани во јавноста ги објави пораките со кои Заев го моли „заедно да го турнат Груевски“. Во четвртата порака Заев се повикува на „дадени насоки и препораки“ и додава: „Ме подготвуваат и повисоките надвор од Македонија“.

porakata500

„Претседателе, со Сади Беџети имаме одлична соработка. Нашите во Тетово целосно се задоволни од соработката со Сади и покрај насоки да го поддржат во вториот круг, тие и природно сакаат Сади да победи. Ве молам, да се слушнеме. Моите дадени насоки и препораки се да воспоставиме добра соработка само со вас. Перспективите во регионот се воспоставување соработка со тројката која ќе има големи поддршки во иднина, а тоа сте вие, Харадинај и Бериша. Затоа, ме подготвуваат и повисоките надвор од Македонија (….) Ве молам да поразговараме Зоран Заев“, му напишал Заев на Тачи во четвртата порака.