четврток, 23 февруари 2017  |  Вести денес: 2

Дали знаеме што правиме?

StefanVlahovMitcov

Стефан Влахов - Мицов

Веќе две ипол години Македонија е во заложништво од Зоран Заев. А, отсега Бог знае до кога – од Али Ахмети.

СИТЕ ЗНААТ ДЕКА ЦЕЛТА НА ПОРАНЕШНИОТ ТЕРОРИСТ АХМЕТИ Е ДА ЈА АЛБАНИЗИРА И ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА.

Таа цел ја остварува од 2001 година до ден-денес.

ЈАВНОСТА Е ЗАПОЗНАЕТА ДЕКА ПОВЕЌЕ ГОДИНИ ЗАЕВ, КАКО И АХМЕТИ, СЕ ОРУДИЕ НА СТРАНСКИ ДРЖАВИ И УПОРНО РАБОТАТ ЗА УРИВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА.

СИТЕ ГО ЗНААТ И ЕДНОТО И ДРУГОТО, ЗБОРУВААТ ЗА ТОА, ПИШУВААТ ЗА ТОА. И НИКОМУ НИШТО.

Партијата на Ахмети – ДУИ, која кај себе ги собрала командантите, терористите и криминалците, од 2008 година до денес е дел од македонската Влада.

Аболицираниот криминалец Заев од 2005 година до денес е градоначалник на Струмица, а од 2013 година до денес претседател на втората по големина македонска партија.

КОЈ ДОЗВОЛИ ТЕРОРИСТИ И КРИМИНАЛЦИ ДА УПРАВУВАТ СО МАКЕДОНИЈА?

Аболицираниот Заев денес бара мандат за Влада со Ахмети за да ја докрајчат македонската држава. На 17 декември 2016 година претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Груевски изјави:

Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира Влада со фалсификувана волја на граѓаните на Република Македонија.

На 11 февруари 2017 година г. Груевски кажа:

Ако СДСМ ја прифати платформата (албанската), ние сме подготвени да одиме во опозиција, и ќе направиме сè што е во наша моќ да не се прифатат такви барања кои ќе го нарушат мирот.

Со други зборови, Заев може да направи Влада, ама ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори.

СЛИЧНИ СПРОТИВНИ СТАВОВИ ОД ВМРО-ДПМНЕ И г. ГРУЕВСКИ ВИДОВМЕ И СЛУШАВМЕ ПОВЕЌЕ ПАТИ ВО ИЗМИНАТИТЕ ДВЕ ИПОЛ ГОДИНИ. ВО ТИЕ СПРОТИВНИ СТАВОВИ Е ПРИЧИНАТА ЗОШТО КАКО ДРЖАВА СМЕ КАТАСТРОФАЛНИ И ЗОШТО НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВМРО-ДПМНЕ ДОБИ САМО 51 ПРАТЕНИК.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е РАЗОЧАРАН, ЗАТОА ШТО:

Прво: Во изминатите 10 години македонската држава чекор по чекор продолжи да се урива и од надвор и одвнатре;

Второ: Станавме целосно измеќари на Вашингтон и Брисел, допуштивме и нашите соседи да не малтретираат и исмејуваат;

Трето: Оставивме Ахмети и ДУИ да бидат заповедници во државата;

Четврто: Моментно ниту една државна институција (со исклучок на Претседателската) не ги брани македонските национални интереси;

Петто: Ниту една државна институција не одлучува за што и да било без да бара дозвола од Бејли, Хан, Жбогар, Могерини, Коцијанчиќ, Вајгл итн. – странски окупатори;

Шесто: Македонската држава е ставена на тезга и официјално се распарчува од странски државници, политичари, дипломати;

Седмо: Македонија е целосно окупирана земја, во која секој странец и домашен предавник прават се што сакат.

ПРЕД СПОМНАТИТЕ ФАКТИ, СЕКАКВИ ИНВЕСТИЦИИ, ВРАБОТУВАЊА, ГРАДЕЊЕ ИТН. НЕМААТ СМИСЛА, ЗАТОА ШТО И ВО ОСМАНЛИСКАТА ИМПЕРИЈА КАКО И ПОД СРПСКА И БУГАРСКА ОКУПАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ИМАЛО ЕКОНОМИЈА, СЕ ГРАДЕЛО, АМА НЕМАЛО МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. АКО НЕМАШ ДРЖАВА, АКО НЕМАШ ИМЕ, АКО ТИ Е ОДЗЕМЕН ИДЕНТИТЕТОТ, ТОГАШ ТИ Е ЏАБЕ ДА ЗЕМЕШ И МНОГУ ПОГОЛЕМА ПЛАТА. ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПОРЕДУВА СО ДРЖАВНОСТА.

Што направи ВМРО-ДПМНЕ кога беше во опозиција во 90-те години? Дали го спречи ревидирањето на Уставот, менуването на знамето и химната, прифаќањето на референцата во Обединетите нации? Дали кога беше во опозиција меѓу 2002 и 2006 година, ја спречи ли територијалната поделба? Дали кога владееше во 1998-2002 г. – доби терористичката војна во 2001 година против Македонија?

НЕ БЕШЕ НИТУ ЕДНАШ УСПЕШНА, ЗАТОА ШТО НА ВМРО-ДПМНЕ МУ ФАЛИ ТОЧНО ПРВИОТ ДЕЛ: ВМРО. Притоа ВМРО ОД 1893 ГОДИНА. МУ ФАЛИ ВМРО НА ДЕЛЧЕВ И САНДАНСКИ.

АКО СЕГА ВМРО-ДПМНЕ ОТИДЕ ВО ОПОЗИЦИЈА ТОА ЗНАЧИ БЕГАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ЗА КАТАСТРОФАТА ВРЗ МАКЕДОНИЈА.

ДЕНЕС НАМ НЕ НИ Е ПОТРЕБНО БЕГАЊЕ, ТУКУ БОРБА. И ТОА БОРБА ИЛИНДЕНСКА, А НЕ МЕДИУМСКА. БОРБА ВО КОЈА:

ПО НИЕДНА ЦЕНА ЗАЕВ И АХМЕТИ НЕМА ДА ДОБИЈАТ ВЛАСТ;

ПО ЦЕНА НА СÈ ЌЕ ИМА НОВИ ИЗБОРИ. ВООПШТО НЕ Е БИТНО КОЛКУ ЌЕ УЧЕСТВААТ ВО НИВ И КОЈ ЌЕ ГИ ПРИЗНАЕ И КОЈ НЕ;

ПО ЦЕНА НА СÈ ЌЕ БИДЕ СТАВЕН КРАЈ НА ИТРОСТА И КАЛКУЛАЦИИТЕ НА АХМЕТИ;

ПО ЦЕНА НА СÈ НЕМА ДА БИДАТ ПРИМЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА БИРОКТАТИТЕ ОД БРИСЕЛ, НИТУ НИ НИВНИТЕ СУГЕСТИИ И НАРЕДБИ.

АКО ВМРО-ДПМНЕ НЕ Е ВО СОСТОЈБА ДА ГО ОРГАНИЗИРА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА БОРБА ВО ДУХОТ НА ИЛИНДЕН, ТОГАШ Е ПОТРЕБНО ЧАС ПОСКОРО ДА БИДЕ СОЗДАДЕНА МАКЕДОНСКА РАДИКАЛНА ПАРТИЈА, КОЈА ЌЕ ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА БЕЗ СТРАВ, БЕЗ КАЛКУЛАЦИИ И БЕЗ МИСЛА ЗА МАТЕРИЈАЛЕН ПРОФИТ. ПОТРЕБНИ СÈ – НÈ ФОТЕЛЈАШИ ТУКУ БОРЦИ!

Најчитани вести