Секс

Дали знаете правилно да се бакнувате?

Дали знаете правилно да се бакнувате?

Изгледа сите мислиме дека сме вистински професионалци кога е во прашање бакнувањето, но само помалку од половина се блиску до тоа.

Премногу јазик

Еден од најлошите сценарија кога се бакнувате со некого за прв пат, е наместо бакнеж партнерот да ви земе брис од грло.

Премалку јазик

Секогаш нешто не чини нели? Секој кој би се бакнувал со некого кој едноставно не користи јазик знае колку е ужасно чувството кога се бакнувате на овој начин.

Здив

Некои луѓе внимаваат да не јадат лук или кромид пред да се бакнуваат со парнерот. Но некои и не внимаваат. Многумина луѓе се сложуваат дека лошиот здив е многу лоша работа.

Погрешен ритам

Како и за музиката и танцот, некои луѓе едноставно имаат чувство кога е во прашање ритамот, а некои немаат. Ништо не може да го уништи преубавиот романтичен бакнеж како нечиј јазик кој игра по устата како да е на техно журка.