Дали знаете што има во меленото месо?

Пред да гризнете од хамбургерот наредниот пат, треба да се запрашате што има во него. Имено, меленото месо содржи мошне дискутабилни состојки кои и се непознати на јавноста поради недостигот на регулативи врзани со декларацијата на производите.

Во Америка станува збор т .н. розова слуз или „pink slime“, која ги претставува најнеквалитетните делови од јунешкото месо. Кај слузта со техничка обработка се уништуваат маснотиите, а потоа се третира со амонијак за во конечниот производ да нема бактерии и други микроорганизми.

Овој додатокот во меленото месо служи за да се намали процентот на маснотиите во конечниот производ, но и за да се направи помека текстура на меленото месо. Покрај тоа, таквата преработка има и подолг рок на траење.

Многу е тешко да се види разликата меѓу чистото и „pink slime“ месо, освен тоа што второто во термичка обработка ослободува помалку сокови и потребно му е поголемо количество сол за оптимален вкус.

За да биде полоша ситуацијата по потрошувачите, американските произведувачи немаат обврска како посебна состојка да го додадат розова слуз, со оглед на тоа што истиот му припаѓа на јунешкото месо.
Меѓутоа, со ангажманот на познатиот готвач Џејми Оливер, во некои ланци за брза храна престанале да го користат овој додаток во меленото месо.

Се проценува дека околу 70 отсто од меленото месо на американскиот пазар се обработува со оваа техника.

Бидејќи таквото месо е поевтино од чистото, училишните кафетерии обилно го користат за детските оброци, но во иднина доколку посакаат, ќе може да консумираат и чисто мелено месo.