Дали знаевте дека хороскопот има 13 знаци, еве кој е вашиот знак…

Кога хороскопот за прв пат почнал да се применува од античките Грци, хороскопските знаци на луѓето се одредувале врз основа на соѕвездието кое што се наоѓало зад Сонцето во мигот на нивното раѓање. Но, соѕвездијата во моментов се поместени за околу еден месец.

Процесот на поместување се нарекува прецесија на оската на Земјата – се поврзува со тоа што Земјата се однесува како вртимушка и се случува на околу 26.000 години.

Змијоносец
Змијоносец – 13-иот знак

Тоа значи дека околу 86 отсто од луѓето во моментов не го знаат точно својот хороскопски знак.

Еве кој е вашиот вистински хороскопски знак:

  • 21 јануари – 16 февруари – јарец
  • 17 февруари – 12 март – водолија
  • 13 март – 18 април –риби
  • 19 април – 14 мај – овен
  • 15 мај – 21 јуни – бик
  • 22 јуни – 20 јули – близнаци
  • 21 јули – 10 август – рак
  • 11 август – 16 септември – лав
  • 17 септември – 31 октомври – девица
  • 1 ноември – 23 ноември – вага
  • 24 ноември – 29 ноември – скорпија
  • 30 ноември – 18 декември – офиукус  (змијоносец)
  • 19 декември – 20 јануари – стрелец

Би Би Си исто така, нагласува дека постои и 13-то соѕвездие, познато како Офиукус. Се смета дека најверојатно старите астролози го изоставиле овој знак за да може полната кружница од 360 степени, да се подели на 12 еднакви дела од по 30 степени.

 

Соѕвездието кое познато како соѕвездие на Змијоносец, всушност поминува зад Сонцето во периодот помеѓу 30-ти ноември и 18-ти декември, така што некои од вас можеби се родени во сосема нов хороскопски знак.