Далиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација продолжува со селекторот Златко Далиќ, информираа тамошните медиуми.
Тренерот на сребрената селекција од Мундијалот во Русија имал средба со претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер, на која се договориле за понатамошна соработка.

Беше убаво да се присетиме со Златко за прекрасните моменти на Светското првенство, а сребрениот медал е доказ дека сите кои беа вклучени во оваа приказна направија одлична работа. Драго ми е што отворено разговаравме за тоа што може да биде подобро во иднина и дека заедно одиме во нови победи, рече Шукер.

Истото го потврди и Далиќ, кој по враќањето во Хрватска рече дека имал понуди од Блискиот Исток, но и се поќали дека имало луже во Сојузот кои му работеле зад грб.

Беше важно да разговарам отворено со претседателот на сите теми и да му се заблагодарам на Давор за разбирањето на она што не го сметав за коректно. Мислам дека ги решивме сите вакви прашања и со нетрпение ги очекувам новите предизвици, вели Далиќ.