Далмација: Громови предизвикаа десет пожари

Централниот дел на Далмација утрово беше зафатен од невреме проследено со грмежи, при што од удари на громови биле предизвикани десет пожари.

Според Противипожарната служба во Сплит, најголемиот дел од овие пожари биле изгаснати во текот претпладневите часови.

Првиот пожар избуванл околу 4 часот во реонот на Трогир, кој бил изгаснат до 7 часот. Огнената стихија уништила осум хектари земјиште и седум електрични столбови.

Пожари предизвикани од удари на гром се регистрирани и на островите Брач, Хвар и Шолта, како и во близината на Омиш и на неколку локации на подрачјето на Макарска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.