Дамаск обвинува дека американски хеликоптери ги евакуирале лидерите на ИД во Сирија

© AFP 2017 / Stringer

Американски воени хеликоптери ги евакуирале челниците на ултрарадикалната џихадистичка организација Исламска држава од покраината Деир-ез-Зор во покраината Хасека на североистокот од Сирија, пишува во петокот службената сирика новинска агенција SANA, откако сириската влада оваа седмица поднесе извештај до Обединетите нации во кој ја обвини американската коалиција за договарање и координирање на дејствијата со терористите од оваа мрежа.

Според неименуваните соговорници на агенцијата, ноќта кон четвртокот (28-ми декември), неколку американски воздухоплови летале во северните области на покраината Деир-ез-сор, прелетале на ниска височина над кампот ел-Сад и се приземјиле недалеку од браната ел-Басел, јужно од градот Хасека, во истоимената покраина.

Агенцијата истакнува дека во летатал се наоѓале команданти на Исламската држава кои отстапувале пред единиците на аапско-курдската коалиција Сириски демократски сили (SDF), коишто инаку го поддржуваат, обучуваат и вооружуваат САД. Изворите, исто така, тврдат не е прв случај кога со американски воени хеликоптери се евекуираат челниците на споменатата џихадистичка терористичка мрежа.

Претходно во ноември жители на градот Мајадин за медиумите тврдеа дека две седмици пред полетокот на операциите на сириските војски помогнати од шиитските доброволци од регионот и воздушните удари на руската авијација за ослободувње на овој град, американски хеликоптери од таму ги извеле странските команданти на Исламската држава.

Покрај тоа, во август според воено-дипломатски извор на британскиот јавен сервис BBC, САД помогнале да се префрлат на северот од Сирија повеќе од дваесет командатни и нивни блиски борци на Исламската држава, кои се наоѓале во близина на градот Деир-ез-Зор. Меѓународната коалиција предводена од САД ја негираше оваа информација нарекувајќи ја лага.

Во ноември BBC повторно објави дека меѓународната коалиција предводена од сАД и нејзините сириски сојузници направиле договор со кој околу 250 милитанти на Исламската држава и уште околу 3.500 членови на нивните семејства безбедно излегел по специјален коридор во октомври од градот Рака

Неодамна и министерството за одбрана на Сирија, којашто е сојузник на владата во Дамакс чиешто соборување го посакуваат САД, го обвини Вашингтон дека „имитира војна“ против џихадистите. Американските сили, имено, одбиле да ги нападнат терористите кои бегале од ал-Букемал, тврдејќи дека тие „доброволно им се предале и оти положеле на Женевската конвеција како „воени заробеници“.

Официјална Москва во средата, преку началникот на Генералштабот на руските сили, Валериј Герасимов ги обвини САД дека ги увежбуваат поранешните борци на оваа групација за да ја дестабилизираат и натаму земјата. Обвинувањата на Герасимов се однесуваат на американската воена база ал-Танф, во близина на јужниот премин на границата со Ирак. Обвинувањата на Герасимов се однесуваат на американската воена база ал-Танф, во близина на јужниот премин на границата со Ирак. Додаде дека голем број од исламистичките милитанти и борците на Исламската држава се наоѓаат и во Шаадади, каде што исто така има американска база.

Вашингтон тврди дека ал-Танф е привремена база која служи за обука на сириските сунитски бунтовнички групи за борба против Исламската држава и порано ги отфрлаше руските обвинувања упорно тврдеји дека е посветен на уништување на исламистите.