Магазин

„Дамите бираат“ ја зовре атмосферата во Аеродром

„Дамите бираат“ ја зовре атмосферата во Аеродром
„Дамите бираат“ ја зовре атмосферата во Аеродром

Претставата „Дамите бираат“ на Алтетеатар од Сараево, вчера, на отворената сцена на игралиштето во фудбалското игралиште до детската градинка „Сонце“ во Реонски центар „Аеродром“ во рамки на вториот по ред Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ буквално ја крена бројната публика на нозе.

Групата невработени млади момчиња од „Дамите бираат“, кои преку оглас бараат вработување, го прифаќаат предизвикот за танцувачи во диско-клуб и почнуваат макотрпно да вежбаат со нивната тренерка, зовривајќи ја и атмосфеарата во публиката во Аеродром. Со префинет хумор, следејќи ги ликовите од идејата за стриптизери до нејзината конечна реализација, претставата ја поведе публиката низ возбудливи сцени преполни со кореографски секвенци, држејќи ја напната атмосферата до самиот крај.

dami-biraat2

Денеска, на репертоарот е современата комедија „Спанаќ со пржени компири“ од велешкиот таеатар, која ги третира современите проблеми на обичниот човек и ги опишува проблемите, со кои се соочуваат тројца фудбалски судии за време на еден натпревар. Утре, пак, на ред е комедијата на струмичкиот театар „Шума“.

Инаку, претставите почнуваат во 21 часот, а влезот е бесплатен.

dami-biraat