Дамите од српската естрада „се маскираа“ за средбата со даночниците

Наместо во скапи фустани, со коишто обично се фалат, дамите од српската естрада пред службениците во Даночната управа се појавија без шминка, фризура и во скромна облека.

Даночната управа во Србија во моментов ја проверува имотната состојба на естрадните уметници, а пејачките на разговор дошле сосема поинаку облечени и средени од она на што сме се навикнале да го гледаме, па беше мошне тешко да се препознаат, пишува српски Курир.

Никој од нив отворено не признал зошто не се дотерани онака како што вообичаено одат на снимање иако знаеле дека пред зградата ќе бидат пречекани од фоторепортерите.

Според српски Курир, пејачките најверојатно пред даночниците сакале да се претстават како просечни граѓани кои што заработуваат многу помалку отколку што се зборува.

gogaaa

Гога Секулиќ се појави со документација. На влезот во Даночната управа, каде пристигна многу помалку дотерана од обични, рекла дека обетките што ги носи ги платила три евра, како и дека во последните четири години не настапувала во Србија. Но, откако и рекле дека се лфали со бижутерија, Гога рекла:

-Тоа само се шегував.Обетките ги платив 50 евра, а торбата што ја носев чини 2 000 евра.

rada_manojlovikjjj

Рада Манојловиќ пристигнала облечена во тренерки, без шминка, а косата и’ била соберена во опавче.

-Леле, па не се подготвив за фотографирање, изјавила прво со смеа.

zlataaa indiraaa

Најлошо облечени на испитување дошле Злата Петровиќ и Индира Арадиновиќ.

ФОТО: kurir.rs