Дамјан Стојановски се врати меѓу своите

Сагата околу ангажманот на Дамјан Стојановски во МЗТ Скопје конечно заврши.

Репрезентативецот на Македонија и официјално стави потпис на договорот со тимот од Аеродром, кој има важност до крајот на актуелнава сезона.

Изминатиов период постојано се шпекулираше околу договорот помеѓу двете страни, но постојано имаше некоја пречка за негова реализација. Како и да е, Стојановски конечно потпиша со шампионот, и тоа во најдобар момент, пред дерби пресметката против Работнички, натпревар кој ќе се игра во среда во рамките на домашното првенство.

Стојановски е третото засилување за МЗТ Скопје овие пет дена, по ангажманот на Американецот Дион Диксон и повратникот Сеад Шеховиќ.