Дамовски: Да живее Македонија, на која никој нема по втор пат да и го смени знамето

Борис Дамовски кој е еден од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денес им се заблагодари на големиот број присутни на протестниот марш посочувајќи дека сите Македонци, Албанци, Власи, Срби, Турци и останати вечерва и вчера покажале што е граѓански собир.

„Овде постојат само две бои црвена и жолта. Бараме ние, жителите на оваа држава, да се доведе оваа земја во ред, било по кои избори без разлика кој за кого гласал да биде на власт, да се почитуваат демократските избори и резултати, да нема математики. Да живее Македонија, жолто црвена, Македонија на која никој нема по втор пат да и го смени знамето“, истакна Дамовски.