Дамовски најави дека тужбата се шири и составува и оти борбата продолжува

Оние коишто се самоизбраа со странско влијание ќе бидат затрупани со безброј тужби, порача во четвртокот Борис Дамовски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска пред собраните граѓани пред Собранието кои 74 ден по ред протестираа против прифаќањето од страна на СДСМ на ткн Тиранска платформа.

„Граѓаните го владеат правото подобро од државата и затоа 80 пати илјадници го бараат истото. Не нé слушаат, ќе прослушаат. Од спонзорираните вести дојдовме до спонзорирана држава, спонзорирана влада во обид. Со странско влијание се самоизбраа и покршија еден куп закони, затоа со еден куп тужби ќе ги затрупаме. Денешниот билтен на иницијативата укажува на многу охрабрувачки елементи, тужбата се шири се составува, се гради, ѕида. Конечно да имаме правен темел на кој ќе ја вратиме државата за сите нас, а пред сé, за генерациите на кои треба да им ја оставиме. Со ова име, со ова знаме, со овој грб, со овој народ, со овие граѓани“, рече Дамовски.

Дополни дека за Тиранската платформа сите знаат, само тие што ја носат не ја знаат и не ја признаваат.

„Се сеќавам на почетокот на секое спомнување на Тиранска платформа се ежеа, се обидуваа да ја превртат во ‘Александар-паласовска платформа’, па не знам каде била, меѓутоа таа останува тиранска, и фактички и симболично. Ова е тиранија врз народот. Трпението го имаме, средствата ни се во раце, борбата продолжува. Нема предавање, нема назад, за Македонија се работи“, порача Дамовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.