Дамовски: Нема да дозволиме ниту еден медиски спин, ниту еден неуспешен пејач да го раздори ова ткиво

Повикавме на толеранција, не за шовинизмот, не за националистички повици, не за партиски обележја, не за религиски обележја, меѓутоа они си продолжуваат по своето, кажа Борис Дамовски пред насобраните граѓани пред Собранието на Република Македонија.

Не напаѓаат, не напаѓаат по медиуми поединци и покрај ова што го прочитавме првиот ден кога ги почнавме овие протести. Повикавме на толеранција, не за шовинизмот, не за националистички повици, не за партиски обележја, не за религиски обележја, меѓутоа они си продолжуваат по своето, изјави Дамовски.

Дамовски го спомена поранешниот градоначалник на град Скопје, Трифун Костовски кој ги нападна оние кои протестираат по улиците за одбрана на државата. Костовски во гостувањето на ТВ 21 им го одзеде правото на Егејците да ја бранат Македонија, со својата изјава: „Нека ги бранат правата во Грција, а не да ме караат со моите Албанци“

-Вчера едно срце тетовирано, поранешен градоначалник неуспешен на овој град, не раздели нас Македонците, на онакви и овакви, некои Македонци биле помалку вредни да се грижат за оваа земја. Јас мислам дека сите што сме тука собрани и низ цела Македонија, знаеме како да ја браниме нашата држава, нашата Македонија и нема да дозволиме ниту еден медиски спин, ниту еден неуспешен пејач, да го раздори ова ткиво, вели Дамовски