„Данас“: Српско-хрватската криза ќе се реши до понеделник

Кризата настаната со взаемното затворање на границата меѓу Србија и Хрватска ќе биде решена до понеделник, велат дипломатски избори, пренесува Б92.

Според сознанијата на белградскиот весник, доколку до понеделник ситуацијата потполно не се нормализира, најдоцниот рок за враќање на состојбата пред кризата е 7-8 октомви, кога ќе биде одржана вонредна седница на Самитот на Западен Балкан во Луксембург, по повод бегалската криза и нестабилните односи во регионот.

-И Србија и Хрватска ќе ги отворат границите, бидејќи Европската унија на тоа ќе инсистира и ќе изврши притисок. Не е реално проблемот со затворање на границите, настанат среде бегалската криза да се реши во Србија, бидејќи тоа е недозволиво, тврдат извори на „Данас“ од дипломатските кругови и додаваат дека европските функционери работат на организирање средба или повторно стапување во контакт на двајцата премиери, Александар Вучиќ и Зоран Милановиќ.

Според овие сознанија, за решавање на кризата ќе биде неопходно Србија, сепак, одреден број бегалци да пренасочи кон границата со Унгарија, на граничниот премин Хоргош 2, кој е отворен.

Исто така, голем број бегалци, како и досега, патот до Европската унија ќе го најдат преку Хрватска. Хрватска, од друга страна ќе продолжи организирано да префрла бегалци во соседна Унгарија. Инаку, од 10.046 бегалци кои во Унгарија влегле завчера, 9.939 дошле од Хрватска, навеле од унгарската полиција.

Иако за „Данас“ во Амбасадата на Унгарија во Белград било речено дека не постои никаков договор меѓу унгарските и српските власти за тоа бегалците од Србија да се пренасочуваат исклучиво на границата со Хрватска, медиумите пренесуваат дека некаков договор сепак постои, а евидентно е значајното подобрување на односите само неколку дена по ескалирањето на судирите со унгарската погранична полиција.

Дека Хрватска е под притисок и остри критики од страна на Брисел поради затворањето на границата, сведочат не само апелите на највисоките европски функционери земјата итно да ги отвори границите, туку и фактот дека Европската комисија вчера започнала истрага за тоа дали забраната за влез на товарни возила од Србија во Хрватска е во склад со Договорот за стабилизација и соработка.