Данев: Бараме само законите и Уставот да важи за сите

Четириенаесет дена сме на улиците на Скопје, а веќе и на останатите градови. Бараме само едно, едно што го нема веќе 6 месеци во Република Македонија- правда и правдина за сите, Закон за сите, Устав за сите. Ќе истраеме во таа борба. Верувам дека сите имаме и сила и надеж и храброст на крајот сепак да победи толку посакуваната правдина, истакна Драган Данев на протестот пред Министерството за правда, кој се оддржува против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27-ми април годинава.

„Ќе се бориме за првдата, за просперитетот, за европска Македонија, таква каква што 10 година ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ја градеше. Република Македонија во Европа но, со нови работни места, со нови инвестиции, а не се тиранија, со диктатура, со хунта. Не со затворање на уметници, на народни избраници, не со затворање на родољуби. Сите тие, ги поздравувам и им ветувам дека со сите сили, сите овие граѓани, до последно ќе ги искористиме сите демократски средства и ќе се бориме до крај“, рече Данев.

Додаде дека правдата и правдината кога тогаш излегува на виделина.

„Да не се штедиме да ја бараме правдата, бидејќи за правдата не треба да се штеди ниту енергија, ниту знаење, ниту нашата сила“, заклучи Данев.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.