Данев до Богоевски: Да не ги користевте парите на СОРОС народот може и ќе ви поверуваше

Јас да ве потсетам на една работа прашајте ги вашите колеги од СДСМ и од целата коалиција дали во минатиот мандат имаше ситуација да еве вака кршејќи ја процедурата во овој законодавен дом, СДСМ блокираше донесување на еден важен закон со кој што се овозможуваше формирање на Универзитетот „Дамјан Груев“, нагласи Данев.

Тој додаде дека 3 месеци се дискутирало за се и сешто само не за отворањето на Универзитетот „Дамјан Груев“.

Пак ќе ви кажам за одредени теми и тези треба да имате политички кредибилитет. Да не ги користевте парите на СОРОС и УСАИД каде што оваа шема покажува како и на кое кое конто тие завршувале и поради
која цел, можеби македонската јавнсот ќе ви поверуваше и на наредните избори ќе ви ја дадеше довербата, нагласи Данев.

Некој што правел криминал е најгласен кога зборува дека некој друг правел криминал, потенцираше Данев и потсети дека СДСМ затвори над 600 фабрики и остави над 250.000 луѓе на улица.