Данев: ЕУ потврди дека Владата не работи и не спроведува реформи

Европската унија ги потврди нашите тврдења дека оваа влада не работи и не ги спроведува реформите, посочи во средата во изјава за медиуми координаторот на пратеничката гупа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Според Данев, владејачкото мнозинство во услови кога беше во опозиција „на ширко и на долго“ зборуваше дека во Република Македонија особено во Собранието е потребно дебата, а сега бега од дебата.

„Вчерашната порака од Европската унија јасно и гласно ги потврди нашите тврдења во претходните неколку месеци дека на Република Македонија не и треба штанцање закони туку и треба имплементација на тие закони и дека и треба една вистинска реформа на институциите, а не само обична фасада која се покрива со овие штанцања на закони во Собранието на Република Македонија“, рече шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека членовите во независните и регулаторните тела на треба да се менуваат со закон.

„Изминатите денови бевме сведоци на именвуање на претседател на едно регулаторно тело со закон и сега власта продолжува со истотот темпо и во иста насока. Така Република Македонија не е блиску, туку напротив е далеку од евроинтегративниот процес, впрочем вчерашната порака во Европската Комисија е многу јасна и децидна, можеби датум за преговри во јуни 2019-та“, нагласи Данев.