Данев: Големо мнозинство граѓани не го признаваат Џафери за претседател на Собранието

Огромното мнозинство на граѓани не го признаваат Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија рече во вчерашната емисија „Од наш агол“  пратеникот Драган Данев од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ кој говореше за состојбите во Собранието на Република Македонија.

 

„Верувам дека огромното мнозинство на граѓани не го признаваат Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија. Исто и ВМРО-ДПМНЕ не го признава Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија. Тој беше изгласан на начин на каков што беше избран и целокупната македонска јавност беше сведок на сето тоа. За нас Талат Џафери е само колега, пратеник избран на парламентарни избори на 11 декември 2016 година и ништо повеќе од тоа“, потенцираше Данев.

 

„Неговата комуникација и со нас и со парламентарното мнозинство исто така и целокупната македонска јавност може да ја забележи во комуникацијата со нас се обраќа на албански јазик. И јас сум убеден дека многу брзо Талат Џафери ќе увиди дека прави сериозна грешка узурпирајќи го столчето на собранискиот спикер и таа комуникација што треба од тоа столче да ја врши човекот којшто седи на тоа столче ќе биде на официјалниот службен јазик на Република Македонија, а тоа е македонскиот јазик“, појасни Данев.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.