Данев: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат Декларацијата за членство на Македонија во НАТО

Во однос на Декларацијата за приклучување на Република Македонија во НАТО, би сакал да нагласам дека оваа декларација не е ништо ново,  вели Драган Данев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Секогаш вакви декларации и  резолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО се носеле со консензус од сите политички партии како надпартиски документ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги поддржувало, ги поддржува и ќе ги поддржува во иднина. Впрочем првата Декларација за влез на Република Македонија во НАТО Алијансата е поднесена далечната 1993 година гтокму од ВМРО-ДПМНЕ и изгласана со консензус од сите политички партии во Собранието на Република Македонија во тој период.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.