Данев: Раководството на СДСМ е фатено во криминал до гуша

данев

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Данев

Сеалбанската платформа беше потпишана на Божиќ, 07-ми јануари во Тирана од страна на лидерите на албанските партии во Македонија. Веднаш потоа стана услов за формирање на идната тиранска влада и беше прифатена од страна на СДСМ и Зоран Заев.

Еден месец претходно, на декемвриските избори, граѓаните ниту беа информирани, ниту беа прашани што мислат за промена на банкнотите, официјализирање на албанскиот јазик на целата територија, носење на резолуција за геноцид врз Албанците и низа други скандалозни одредби кои ги содржи тиранската платформа.

Затоа граѓаните сега се чувствуваат измамени. Затоа граѓаните сега се револтирани.

СДСМ е уценета партија. Нејзиното раководство е фатено во криминал до гуша. Знаат дека има докази и за поткупот на аболицираниот Зоран Заев и за изборните измами и нерегуларности на Оливер Спасовски и за кириите на Радмила Шекеринска. Злосторничкото здружение во врвот на СДСМ знае што правело и во случајот „Цареви Кули“ и со „Струмица Гас“ и со стотици тендери во општина Струмица преку кои незаконски се богатело.

Тоа е главната причина заради која се согласуваат да менуваат и знаме и химна и грб. Тоа е главната причина поради која СДСМ подлегнува на уцените и прифаќа да ги менува банкнотите, униформите и да ги осуди партизаните и Република Македонија дека вршеле геноцид врз Албанците.

Криминогеното раководство на СДСМ е исплашено дека ќе одговара за криминалите. Криминалците и треба да се плашат дека ќе одговараат. Секој што работел незаконски мора да се соочи со законот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи некој да тргува со државните и националните интереси само за да се спаси од кривична одговорност.